Премиерот Зоран Заев ја прифатил оставката на Драги Рашковски од функцијата секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти, соопшти влаадиниот портпарол Душко Арсовски на денешната прес конференција.

Драги Рашковски достави писмо со кое го известува дека се повлекува од функцијата, тоа е негова лична одлука и има право на тоа, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање.

Според Арсовски, набавката на софтверот е спроведена во целосно транспарентна процедура и во целосна согласност со законот за јавни набавки.

Името на Рашковски, покрај со набавката на спорниот софтвер, се поврзува со бројни други скандали, тендери, непријавен имот, злоупотреби на службена должност…



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.