Заев ја претвори СДСМ во султан-партија, смета Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Демократијата која што ја промовираат социјалдемократите не наликува на демократија, вели тој и објаснува дека овој начин на избор на претседател е срамота за плуралистичка држава.

Демократијата дозволува и најголемите криминалци да се дофатат до власта, и кога таквите криминалци ќе се дофатат до власта тие имаат тенденција односно тежнеат кон моќта, кон државниот апарат, кон злоупотреба на институциите и тогаш се доведуваме до ситуација да ја имаме најлошата форма на тиранија која што е поопасна од обило која форма на монархија или на олигархија, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во радиоемисија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.