По средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, премиерот во заминување Зоран Заев изјави:
Да информираме дека се одржа состанокот со лидерот на најголемата опозициска партија. разговаравме за две теми, првата тема е кандидати за преодната влада на најголемата опозициска партија, а втората тема е за предложените измени на изборниот законик во делот на изборниот модел. Прво е важно да ја констатираме обврската на сите дека нашата земја под будното око на сите учесници во изборниот процес е важно да обезбеди фер, демократски и регуларни избори, заради тоа шти земјата чекори напред, оди по вистинскиот пат и така само треба да продолжи. Тоа е одговорност на сите и верувам, само ќе потсетам на т.н. Пржинска влада или преодна влада која беше формирана во 2016 година, на разговорите пролетта 2018 година кога се разговараше за пржинскиот договор ние отстапивме повторно, дадовме на опозицијата да го има како право заради две причини: Првата причина е сите да партиципираат и имаат фер третман поради тоа што ред е опозицијата да ја контролира власта, тоа е многу нормално, но исто така и да ја презема одговорноста за спроведувањето на фер и демократски избори. Секако тоа за нас е вредност, за нас е принцип и правило и во едни такви околности нормално е да се разговара за имплементација на вака донесеното законско решение од 2018 година. Во ваквото законско решение зборувавме за кандидатите. Нормално, разговаравме дека претседателот на опозицијата како предлагач треба да има во предвид кога ги предлага кандидатите единствено да не се лица кои се под обвинение на Јавни обвинителства во државата, заради тоа што тоа од прилика не е ниту етички, ниту би требало да биде дозволиво. Заради тоа останатите имиња, освен името за техничкиот министер за внатрешни работи, во понеделник во координација, јас и господинот Мицкоски, ќе бидат соопштени, веројатно и тогаш тие ќе ги соопштат имињата. Имајќи во предвид дека господинот Мицкоски даде изјава и не соопшти име, јас само ќе кажам дека за министер за внатрешни работи е предложено воено лице и оттука сега излегува дилемата дали Уставот согласно член 97 тоа го дозволува, законот за служба во Армијата и Законот за министерството за внатрешни работи. Нормално заради ова прашање ние ќе ја консултураме нашата стручна јавност, владината стручна експертиза којашто постои, а ја повикуваме и јавноста да си даде свој став. Убаво е транспарентно да си ги искристализираме ваквите работи. Се јавува и една дилема, за минатите времиња, за господинот Силјан Аврамовски, Митко Чавков или други имиња, тие се овластени лица, тоа не значи дека овластено лице не е цивилно лице. Овде е проблемот што имаме воено лице дадено, каде што Уставот прецизно има определено дека со Одбраната и со полицијата раководи цивилно лице кое што било цивилно лице најмалку три години. Може да има минато како воено лице кандидат ама барем последите три години да бил цивилно лице,како пензиониран генерал полковник и потполковник. Немаме никакви предрасуди тоа е право на опозицијата и тие треба да си го кандидираат. Јас ова име првпат го слушнав, иако е воено лице полковник во нашата Армија, но секако Уставот и законите треба да важат во државата. Затоа имаме уште неколку денови, јас сум на отворена линија и нашоте советници од двете политички партии се на отворени линии да ова прашање навистина се изнедри во јавноста. Еве стручната јавност ја повикувам, Министерството за правда, Министерството за внатрешни работи и одбраната, доаѓа од Одбраната кандидатот, да го искристализираме самиот предлог да можеме на крајот, да не испадне да доведеме некој во состојба, спротивно на Устав да генерира и формализира предлози пред Собранието затоа што Собранието на крајот може да донесе и напријатна одлука затоа што таму се пратениците тие што конечно одлучуваат. од тој аспект сакам да заокружам дека во понеделник ќе ги знаеме и другите имиња, очекуваме принципот да биде пред се важен, етички, да не бидат лица гонети или под обвинение на Јавното обвинителства во државата, очекуваме до тогаш да се изнедри и ова прашање, за да бидеме чисти пред граѓаните заради тоа што сите функционираме и постоиме заради граѓаните.
Во вториот дел го отворивме прашањето за една изборна единица. предлогот кој што е даден од помалите политички партии во Собранието сакаме да направиме напори ова прашање кое што е на дневен ред и ќе продолжи да биде на дневен ред, сигурно се до 12 февруари додека не се распушти Парламентот и темата е отпочната во самото Собрание во духот на она што претставува напори за изнаоѓање на заеднички консенсуални решенија. разговаравме за можни варијанти, сега да влеземе да го изгласаме законското решение, да важи од следните парламентарни избори, за тука да го најдеме компромисот, а секако отворените листи да важат на следните локални избори за да нема директен импакт како аргумент на опозицијата. од опозицијата беше кажано дека се спремни веднаш после изборите да седнат за ова прашање, јас сакам тоа да го поразговарам со помалите етнички заедници, со малите партии, заради тоа што иницијативата во собрание правно-формално е на помалите политички партии и СДСМ е на таков став дека треба да имаме една изборна единица. Имаме време, тоа прашање ќе го разгледаме, ќе се изјаснат и ќе остане актуелно секако во периодот кој што доаѓа пред нас, но апелирам секако да најдеме решение и на ова прашање, рече премиерот во заминување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.