Лидерот на СДСМ Зоран Заев даде отворена подршка на т.н иницијатори кои бараат вонреден конгрес во ВМРО-ДПМНЕ. Според Заев, периодот март, април бил убаво време за партиски избори и конгреси и поголема демократизација на сите партии и тој тоа го подржува.

Водам голема партија, поголема и од ВМРО-ДПМНЕ и таму имам доста работи. СДСМ е пред сериозен процес на реевиденција. Не треба никој да се меша во внатрешните работи во други партии, тоа е нивна работа. Очекува силна и здрава опозиција и коректор на власта. Ако треба некаде да има избори овој период е соодветен за политичките партии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.