Поразувачки се бројките од новиот извештај на УНДП за индексот на човеков развој. Македонија е рангирана на 82-тата позиција за нееднаквиот развој во 2019 година. Овие податоци.
Во извештајот, кој беше презентиран вчера, се мери квалитетот на животот во повеќе сфери како што се образование, родова еднаквост, здравство и економија, Македонија бележи пад во секое поле.
Разочарувачки звучи што пред нас се рангирани речиси сите земји од регионот, но и земји како Иран, Шри Ланка, Гренада, Панама, Маурициус и Триндад и Тобаго.

Со овие податоци, УНДП сруши ја сруши големата лага на премиерот во заминување дека ќе гради земја на еднакви можности.
Наместо едно оштество за сите, за овие три години под власт на Заев видовме енормно богатење на неговата фамилија и на бизнимените блиски до кланот Заеви, а од друга страна граѓаните стануваат се посиромашни.
Пред доаѓањето на власт Заев ветуваше земја на еднакви можности за сите граѓани и достоинствен живот на на Македонците, Албанците, Србите, Турците, Бошњаците, Власите.

Ви ветувам достоинствено образование за Ромите, еднакво и квалитетно ќе ги мотивираме децата да се запишуваат и во средно и во високо образование. Ветувам еднаквост при вработување во администрација, никој повеќе нема да ви бара рекет, ќе се вградите и заедно ќе се избориме за вашите права – говореше Заев на митинг во Шуто Оризари.
И по доаѓањето на власт, Заев во секоја прилика истакнуваше дека преку спроведување на економски реформи и успешни фискални политики изминативе две години на дело покажува дека е посветена на градење праведно општество со еднакви можности и силна економија која ќе отвора шанси за сите.
Тоа е патот по кој чекори нашата земја, патот на праведност и фер шанса за сите – велеше Заев пред Светска Банка и ММФ.
За овој проблем со коментар денеска излезе и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој нагласува дека Македонија не може да биде земја на еднакви можности додека премиерот доаѓа од најбогатото политичко семејство на Балканот, додека народот нема ни за леб, нема еднакви можности кога луѓе од Владата кумувале на Рекет од 8 милиони евра и прават се за да не се дознае вистината.
Нема еднакви можности кога професорот кој одлучувал за стипендија на најблизок член од семејството на министерот ќе го наградите да биде амбасадор. Нема еднакви можности кога системот е трул, а непотизмот се мултиплицира. Заев не создава еднакви можности, туку поделено општество – нагласува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.