На крајот од вечерашниот ТВ Дуел во емисијата „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски на Зоран Заев му подари значка со знамето со натпис „Република Македонија“. Но премиерот категорично одби да ја прими и со гордост да ја носи, како што од него побара неговиот соговорник Мицкоски.
-Ние сме Македонија, рече Заев и му ја врати значката на Мицкоски.
Тој, пак, ја закачи на реверот и му порача на премиерот дека „сега можат да го казнат“. Двајцата лидери сепак, на крајот си подадоа рака и ветија нови дуели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.