Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на ТВ Здравкин говореше за иселувањето на младитр, како тие да се задржат дома и каде е поисплатливо да се живее, во странство или дома.
„Светот денеска е глобално село и во авион, воз, автобус можете да се најдете секаде. Денеска сте овде, утре сте во Токио, Брисел, Берлин, Берн, било каде. Суштината е што помалку луѓе да ни бeгаат и ако може, што повеќе да се враќаат“, вели тој.
Сепак, потенцира, за луѓето да не си заминуваат и згора на тоа и да се враќаат, предуслов е тоа да се овозможи. А формулата, вели, е едноставна и нема што ново да се измислува:
„Затоа ја испраќам секогаш пораката до младите; Денеска дури и тие што работат може да одлучат да одат во Германија, Швајцарија, Италија. И веројатно таму ќе земаат поголема плата. Но прво што треба да направат е пресметка – дека кога ќе ја платат киријата, трошоците на живот, ќе видат дека помалку ќе им останат отколку дома ако работат. Вториот дел е предизвикот на животот, на младоста. Таму, Германија веќе е на висок стандард. Бранот е дигнат и се качуваш и се возиш на него. Овде НИЕ ќе го креваме бранот. НИЕ ќе ги направиме промените. НИЕ ќе учествуваме во предизвикот на нашиот живот. Таму е досадно и животот ќе помине. Тука предизвикот е силен и ќе биде животот исполнет“,
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.