На предлог на Советот за безбедност, кој вчера беше прифатен од претседателот на државата Стево Пендаровски, се очекува Владата денеска да прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена. Како што соопшти премиерот Зоран Заев, Управувачкиот комитет во најбрз рок ќе предложи до Владата прогласување кризна состојба и тоа ќе биде најдоцна до вечер денеска.

Вонредните локални избори во Штип и Пласница, поради влегување во Влада, односно Собрание, на двата досегашни градоначалници, се закажани за 13 декември.

Доколку кризната состојба е прогласена денес, би траела до 20 декември. Овој период фрла сомнеж за улогата на кризната состојба.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ уште пред осум месеци предложи воведување на кризна состојба, пред сè затоа што таа е регулирана согласно закон, без можност за широки толкувања, што би се рекло со помали шанси за злоупотреба.

Тогаш одговорот на Заев беше дека кризна состојба нема да ги постигне посакуваните ефекти, а Пендаровски велеше дека за ангажирање на војската и ресурсите не е потребна кризна состојба и дека државата нема ресурси за прогласување на кризна состојба на целата држава.

Начинот на прогласување на кризна состојба во моменти која секојдневно има над 1.000 новозаразени и двоцифрена бројка на починати е калкулирање со здравјето на граѓаните. За време на велигденските празници кога имаше 20-30 новозаразени и 2-3 починати Македонија беше воведен тридневен полициски час.

Денес на овие бројки имаме само кризна состојба, која е точно калкулирана од Заев да трае по завршеток на изборите во Штип и точно пред почеток на славите. Со голема веројатност дека ќе биде воведен полициски час, за да обезбедат ресурси и имаат целосна контрола да ги спроведат изборите во Штип.

Како дополнување и министерката Радмила Шекеринска меѓу редови вели „полицискиот час се чува за понатаму за празниците, славите“.

Се поставува прашањето дали кризната состојба ќе биде искористена за вистинска борба против коронавирусот или за замајување на јавноста дека се работи нешто, додека пандемијата продолжи да одзема животи поради неспособност. Дополнително во јавсноста постојат дилеми зошто во време на кризна состојба Заев тера избори во криза во Штип и Пласница?



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.