Во интервју за луксембуршкиот весник „Ворт“ насловено со негов цитат – „Дефинитивно сме огорчени“, премиерот Зоран Заев изјави дека ветото на Бугарија за почетокот на преговорите во ЕУ беше неблагодарен гест, но дека неговата Влада е посветена на европеизација на земјата.
Ова е првпат тој да го заостри тонот кон соседна Бугарија и Европската Унија. Заев порача дека Македонија е целосно разочарана од ветото на Бугарија и дека тоа е недостаток на почит, велејќи дека „со вакво однесување ЕУ никогаш нема да постоеше, Европејците гледаа кон иднината, не кон минатото“.
Главната цел е да се решат историските разлики во толкувањата меѓу Скопје и Софија. Морам да кажам дека со овој пристап ЕУ нема да постои. Европејците гледаат кон иднината, а не кон минатото, рече Заев.
Од друга страна, бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека спорот меѓу двете земји треба да се реши врз основа на разум, а не на емоции. Според Борисов, решавањето на спорот меѓу двете земји се постигнува преку политичка волја.
Сите спорови меѓу Бугарија и Македонија мора да бидат решени. Идните генерации нема да ни простат за пропуштената можност. Хероите кои ги дале своите животи не треба да бидат предмет на поделби. Нивниот сон беше да бидат заедно и за тоа го дадоа својот живот. Тие треба да бидат мост на поврзување, а не предмет на поделба, рече Борисов.
Двајцата колеги го делат заедничкиот став дека до јуни може да се постигне заемно прифатливо решение, доколку страните се конструктивни во преговорите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.