Направивме се, на секој можен начин да дојдеме до вакцини. Нарачавме повеќе од тоа што претставува план за имунизација. Нема некој што не сака порано да дојдат вакцините, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев уште еднаш повтори дека проблемот е во недостатокот на количини со кој се соочува целиот свет и не е изземен и Западен Балкан.

Кога тргнавме со обиди преку приватни фирми да најдеме вакцини, бевме обвинети дека нешто тајно договараме. Направивме се, на секој можен начин да дојдеме до вакцини. Нарачавме повеќе од тоа што претставува план за имунизација. Имаме порачано 800 илјади преку Ковакс, 800 илјади Фајзер, 200 илјади од Кина и 200 илјади Спутник од Русија. 100 илјади се од Европа и 500 илјади направивме усна нарачка со Кина за во мај. Тоа се 2.600 за два милиони потреби, посочи Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.