Во гостувањето на телевизија 24, Зоран Заев, лидерот на СДСМ рече дека тие би сакале да има избори на почетокот на јуни.
Нема поважен приоритет од здравјето. Мора да имаме луѓе во избирачките одбори, треба да озлезат граѓаните на гласање. Како одговорни политичари треба да заземеме ставови. Никој не може да каже кога ќе има наредни бранови на корона криза. Можно е на есен на има нов бран, според епидемиолозите. Мандатите истекуваат на есен и ќе влеземе во криза, затоа нашиот став е најбрзиот можен период на олабавена корона криза да се одржат избори. Србија оди на избори и во Хрватска ќе има избори. Сите сакат да го фатат првиот можен момент. Ние сме без парламент,. Владата одлично ја врши работата, мора да имаме Парламент. Со свикувањето на парламентот ќе течат рокови. Ќе го повикам претседателот на ДИК. Замрзнувањето на процесите е заокружено, увидот во избирачкиот список е прекината. 20 дена нов увид, ОДИХР рекоа дека се подготвени да испратат набљудувачки мисии, но треба да преовлада интересот за државата. Сведоци сме дека трендот на кривата опаѓа.
Можеме сите да направиме проекција. Нема да има масовни митинзи, директни контакти со избирачи, има технологии на кои ќе се промовираат програмите, кадровскиот капацитет…На избирачкиот ден одиме со маски, се прска раката, дезинфициенсот ќе биде на влегување и на излегување од гласачкото место. На избори би се одело со маски и со ракавици.
На крајот на мај ќе биде поинаква ситуацијата, на почетокот на јуни се надеваме ќе биде уште подобро. Првиот термин треба да го прифатиме и да одиме на избори. на 11 декември завршува пратеничкиот мандат.
Мислам дека изборите треба да бидат на почетокот на јули. Има триесеттина дена по истекот на вонредната состојба. Но ако здравствениот систем предложи да постои и трета вонредна состојба мислам дека можеме да се договориме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.