Премиерот Зоран Заев вели дека парламентарното мнозинство е стабилно поради што изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.
Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори. Напротив, до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата – изјави Заев за време на средбата со австрискиот министер за надворешни работи, Михаел Линхарт.
Заев и лидерот на опозициската Алтернатива, Африм Гаши, ќе разговараат за евентуално преминување на партијата во власта. Алтернатива има четворица пратеници во Собранието.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.