Премиерот Зоран Заев попладнево преку Фејсбук порача дека мора да се расчистат случаите за кои се води истрага и секој да одговара за тоа што го сторил.

Истрагата мора да ги открие сите детали. Секој да одговара за своите постапки. Граѓаните заслужија правда – напиша Заев на својот Фејсбук профил по објавувањето на снимките во италијанскиот весник „Ла Верита” во кој се прикажани и се слушаат разговори на лица осомничени или обвинети во предметите „Рекет” и „Империја”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.