Со потпишување на оваа заедничка декларација официјално се заокружува процесот на воено интегрирање на Република Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата.

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев во присуство на министерката за одбрана Радмила Шекеринска и на генералот Симеон Трајковски, денеска го прими командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација генерал Филип Лавињ, непосредно пред церемонијата за потпишување на заедничката декларација за интеграција на Република Македонија во структурите на НАТО.

Со потпишување на оваа заедничка декларација официјално се заокружува процесот на воено интегрирање на Република Македонија во командните структури и во структурата на силите на Алијансата. Македонија посветено работеше на процесите кои ја овозможија воената интеграција со што земјата гордо застанува рамо до рамо со нашите сојузници во НАТО.

Премиерот Заев, министерката за одбрана Шекеринска и генералот Лавињ, на средбата разговараа и за придобивките од членството на Македонија во НАТО како придонесот за стабилноста во регионот кој гарантира инвестиции во државата, но и за придонесот на Македонија во мисиите на НАТО.

На средбата беше истакнато дека церемонијално потпишување на заедничката декларација е споделена чест и гордост од посветеноста на сите кои учествуваа во овој процес.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.