Сѐ уште е рано да се откриваат имиња на кандидати кои би биле во игра, но важно е што голем дел од партиите дадоа зелено светло на идејата да се излезе со заеднички кандидат за претседател на Македонија, рече Зоран Заев по денешните средби со Африм Гаши од „Алтернатива“ и со лидерот на ДУИ, Мендух Тачи.
Важно е концептот да биде поддржан, гледаме дека има расположение кај партиите, но и откако ќе се договориме за конкретен предлог, тие ќе треба да го пренесат тоа во партијата, повторно да разговараме дали е прифатлив предлогот или не. Ние имаме четири до шест кандидати кои според рејтинзите се фаворити за победа на изборите, но не сакаме да се истрчуваме со тоа кој е прв или втор. Има време, тоа ќе го дознаете идната недела, рече Заев.
На прашањето дали за СДСМ би бил прифатлив кандидат кој не доаѓа од нивната партија, Заев вели зошто да не.
Ако некој има желба или амбиција да се кандидира, ние тоа го почитуваме и ако има и заеднички договор, зошто да не, вели Заев.
Заев утре ќе се сретне со Алијанса за Албанците на Зијадин Села и со Биљал Касами од Беса и очекува поддршка од нив, иако се опозициски партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.