Премиерот Зоран Заев смета дека проблемот со Бугарија е смешен. Вели дека се надева дека и покрај тоа што таму има техничка Влада, ќе успеат да најдат решение, односно некакво поместување со цел во јуни на самитот на Европскиот совет да се организира меѓувладина конфренеција со ЕУ или евентуално да се добие сигнал за почеток на преговори.

Тој ја објасни науката и религијата, односно дека сите сме или од мајмуните или од Адам и Ева.

-Разговаравме за тоа Бојко Борисов, разговаравме со него за тоа. Знаете, јас сум православен христијанин и тој е православен христијанин. Многу е едноставно за сфаќање, пошто он праша какво вие е сфаќањето со корењата. Е вака сфаќаме, по науката сите сме од мајмуните, по религијата сите сме од Адам и Ева. И, како тоа сега Македонците во целиот свет се од Бугарите, или Бугарите од Македонците. Не ли сме или од мајмуните или од Адам и Ева. Има историско образовна комисија, треба да ги разработи сите можни аспекти, вели Заев.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.