Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прифати еко-предизвикот на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски и засади три дрвја во Куманово.

Предизвикот на Ljupcho Nikolovski прифатен со задоволство. Утрово во #Куманово засадив три дрвца. За зелена
насекаде, за чист воздух и за грижа за околината.
Затоа ги предизвикувам Сања Лукаревска, Александар Арсиќ и Arafat Muaremi да го направат истото, да засадат дрвца, да стават слики на Фејсбук и да тагнат по тројца пријатели да го направат истото, сподели министерот.

Пред една недела Николовски се качи на скала, па береше јаболка во Ресен. Тој успеа и да се пофали со своите успеси како доскорешен министер за земјоделство, кој според Заев и бил најуспешниот министер досега.
Уште од првата година од мандатот за 10 отсто ги зголемивме субвенциите по хектар. Ги зголемивме субвенциите на развојната категорија на овоштари, вклучително на сите и од овој регион. Во континуитет носевме интервентни мерки во секој еден момент кога тоа беше потребно. Оваа година, нашите политики ги заокружуваме со спроведување и на проектот за зелена нафта. 2170 земјоделци, овоштари од овој регион веќе ги подигнаа и добија своите зелени картички и средства за 30 отсто поевтина нафта за земјоделската механизација – рече тој.
Претходно, пак, при посетата на Лозово, откако ги реши сите проблеми во државава, фатен на оро го тргна по Правиот пат и премиерот и претседател на СДСМ.

Популистичките настапи на владините функционери не се ништи друго туку здрав почеток на изборна кампања, за изборите, кои Заев тври дека нема да ги распише пред редониот термин, декември 2020 година.
Изгледа не ќе да е така…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.