Неискрена е честитка на премиерот Зоран Заев по повод Денот на лицата со попреченост, вели една мајка која по вчерашниот ден реагира за негрижата на власта и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска за овие лица.
Како што раскажува оваа власт не направила ништо, за да ги подобри условите за грижа на овие лица, додавајќи дека за тоа најдобро говори и владина одлука кога одлучи да ги затвори дневните Центри за лица со попреченост и на тој начин ги затвори дома и ја влоши нивната и така веќе лоша здравствена и ментална состојба.
Неискрени се честитките од премиерот Заев и лага е дека во изминатите три години СДСМ води грижа за овие лица. Па, зар премиерот Заев заборави дека 8 месеци беа затворени центрите за лица со попреченост. Се соочивме со огромни проблеми, неколку пати апелиравме до власта и министерството баравме отворање на центрите бидејќи овие лица имаат нарушена здравствена состојба, а ова дополнително им претставуваше проблем, се чувствуваа напнатиз нервозни, маргинализирани и од државата и од општеството. Владата ги заборави и сега сака да се претстави дека нешто прави за нив, срамота е да се манипулираат и лажат овие лица, тие може имаат лоша здравствена состојба но можат да ги препознаат лажните грижи и намера – вели една револтирана мајка.
Процентуално околу 10 проценти од граѓаните во Македонија се соочуваат со некако вид на попреченост, а често пати се соочуваат и со одредена форма на дискриминација. Единствено нешто што бараат е да се отстранат сите видови бариери, меѓу кои и физичката непристапност во институциите, поголема инклузивност во образовниот процес, поглема пристапност до здравствените услуги, развој и поголема достапност до нови сервиси за поддршка, подигање на јавната свест и отстранување на дискриминацијата и стигматизацијата.
Имено, за потсетување на јавноста иако на крајот на месец септемвrи донесе одлука за отворање на дневните центри ширум државата, се уште нема никаква информација дали истите работат, под кои услови и со какви протоколи се организираат активностите.
Во Македонија, во центрите за социјална работа се регистрирани 2.678 деца со умерени и тешки пречки во менталниот развој, коишто живеат со своите биолошки родители или се сместени во згрижувачки семејства, а има 25 дневни центри коишто се лоцирани во урбани средини што овозможува лесна соработка со сите други институции на локално нив, а дел од вработените се негователи, физиотерапевти, дефектолози и логопеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.