Претседателот на СДСМ, Заев и носителот на листа, Спасовски положија цвеќе на споменик на загинат полицаец во случувањата кај Диво Насеље.
Споменикот е подигнат во кругот на полициската станица, каде во 2018 година почна со работа првата канцеларија за превенција.
Со жителите беше разговарано за придобивките од отворената канцеларија за превенција и за новата градинка во селото Стајковци.
Што се однесува до канцеларијата за превенција, целта ни беше да придонесеме кон јакнењето на свеста дека луѓето треба да бидат партнери со полицијата. Преку проектот МВР за граѓаните, полицијата се доближува до секој граѓанин, успеавме да ја вратиме довербата на граѓаните во полицијата и така ќе продолжиме да работиме. Нашата цел е ред, дисциплина и правда, а полицијата има важна улога во тој процес, рече Спасовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.