МВР и министерот Оливер Спасовски постапуваат селективно и законот не го спроведуваат подеднакво кон сите, а доказ за тоа е настанот со Бадникарскиот оган во Орман и од друга страна струмичкото криминално подземје, блиско до власта на СДСМ во праваи прослава во затворен простор и со многу поголем број на лица од дозволеното, притоа целата прослава со часови пренесувајќи ја во живо на социјалната мрежа на Фејсбук, а од полицијата до сега нема никаква реакција, реагира порталот Курир.

Од ваквото однесување на надлежните и МВР може да се заклучи дека во Македонија системот не функционира, а законите не важат подеднакво за сите, заклучува Курир.

Инаку претходно МВР не реагрираше ниту на групниот собир на функционерите на ДУИ, кои без маски и социјална дистанца во новата зграда на министерството за политички прашања го прославија роденденот на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Еве како по ковид правила слави струмичкото подземје на чело со Драган и Лазо Котуровиќи (Лазо Д’лгио), е насловено видеото објавено на Твитер.

-За целата програма појдете на fb профилот Dragan Koturovik каде вчера live се пуштаа видеа со саати
Се прашувам дали Оливер отишол да ја растури журката и да ги уапси?, стои во коментарот под видеото објавено на социјалната мрежа на Твитер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.