СДСМ и фамилијата Заев поткупуваат гласови од граѓаните преку фантомска невладина организација, открива „Вечер“. Од весникот додаваат дека власта ја користи епидемијата за предизборен поткуп со тоа што најавуваат брзи избори во јуни, сакаат изборна кампања преку Фејсбук, а не онака како што законот налага и дозволува и за тоа време делат пакети со прехрамбени продукти на свои членови и социјално загрозени категории на Роми во источна Македонија.
Продуктите кои се делат немаат потекло, односно нема сметка кој ги купил и кој всушност донира, пишува „Вечер“. Јавна тајна е дека ваков поткуп во Струмица и низ цела источна и централна Македонија Заев и СДСМ вршат повеќе од десет години, но тоа што божем формално фамилијата на Зоран Заев е донатор не е точно – не постојат сметки со кои може да се докаже дека донатор се Заеви, а не партијата СДСМ и рекетирани фирми.
Откако се собрани продукти од рекетирани фирми со злоупотреба на позиција на власт од СДСМ и Заев, тие се делат. Кој ги дели? Во легални и поштени прилики тоа го прави Црвениот крст или друга легална институција, така се обезбедува помош да добие оној на кој таа му треба, а не селективно, за партиски членови и поткупени гласачи. Во овој криминален случај делењето на пакетите го врши фантомска невладина организација Сите заедно можеме од Струмица (Тоа е и партиски слоган за избори), под координација на портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.
Делењето пакети за предизборен поткуп, според пост на „Фејсбук“ од Костадин Костадинов, почнало на 4 и 5 април. Невладината организација на која се повикува СДСМ е основана подоцна, на 6 април и никако не е можно тие да делеле предизборни пакети за гласачите туку тоа директно го правеле од СДСМ. На сметката на фантомската невладина организација од Стрмица нема уплати и промет кој би се однесувал на набавка и делење на предизборните пакети за поткуп. Со тоа се става точка на дилемата кој дели предизборни пакети, за која цел и со кои намери.
Обвинителство во вака очигледен случај мора да постапи и отвори истрага. Полицијата на терен фати активисти на СДСМ, односно на невладината организација од Стрмица, кои делат пакети во полициски час, консататира дека се на лице место затекнати продукти во пакетите за кои нема доказ за потекло и сега Обвинителството не може веќе да се крие и премолчува што се случува.
Ако подобро погледнете на фотографијата од основачките податоци на неваладината организација од Струмица ќе видите дека таму не се наведени лица за контакт и основачите. Тоа е тајна за јавноста и законот. Во вакви случаи на скриени податоци за основачите обично основачите се странски лица и организации и, се поставува прашањето, кој од странство финансира активности на СДСМ и со која цел. Денко Малески и Бучковски веќе го дадоа одговорот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.