Водачот на криминално-рекетарската банда на власт, Зоран Заев, предлага „трампа”! Заев и СДСМ ќе го прифателе предлогот за кандидат за мандатар, а ВМРО-ДПМНЕ да го прифатело неговиот предлог за изборен модел, откри денеска Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.
Прво, предлогот не е на Заев и СДСМ, туку на неколку од помалите политички партии, Заев и СДСМ повторно сакаат да се „китат со туѓи перја“. Имаа 3 години да го предложат, ама неспособни се и за тоа, покрај се друго. Вака, се обични лажговци и манипулатори!
Второ, дали Заев и СДСМ ќе продолжат со „глава во ѕид” политиката, и покрај тоа што ЕУ (ОБСЕ/ОДИХР) јасно и гласно им кажува дека изборен модел се менува најмалку 1 година пред избори?
Трето, ВМРО веќе има кандидат за мандатар , тоа е претседателот на партијата Христијан Мицкоски, дали тоа ќе го формализираме или не, веќе е помалку битно. Јасна е намерата на Заев „со сите сили” да се спасува сам себе си, а сите останати околу него да ги „пушта низ вода”, порача Јанушев.
Додава дека Заев и СДСМ треба да знаат дека оваа нивна пазарџиска политика, ВМРО-ДПМНЕ не ја прифаќа.
Предлозите на Заев тие да прифатат едно, ВМРО да прифати нешто друго, личи на пазар, но ова не е ајвар „Мамас”, тука се работи за принципи и предности, за сериозни прашања. Македонија е многу повеќе од пазар каков што замислува Заев и пратеничкиот имунитет на кој се надева нема да го амнестира од одговорност, порача Јанушев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.