Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја истакнува хипокризијата на Зоран Заев, Венко Филипче и власта на СДСМ, со која се обидуваат да ја скријат својата неспособност во справувањето со епидемијата на корона вирусот.

Како што посочува Милошоски, пред изборите, односно во време кога имаше по 30-40  новозаразени на ден, Заев, Филипче и СДСМ бараа одговорност од техничките министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, но затоа, пак, сега, кога има 15 пати повеќе заразени секој ден, молчат и не зборуваат за каква било одговорност на надлежните

СДСМ пред изборите бараше одговорност и оставка од Наќе Чулев (МВР), за кого тврдеа дека е крив што дневно имаше по 30-40 новозаразени и по 2-3 починати пациенти од Ковид19. 

 

Денес Заев молчи за МВР, кога во еден ден имаме и вознемирувачки 560 новозаразени и за жал трагични бројки од 22 починати наши сограѓани дневно.

 

Сега СДСМ за лошото менаџирање на Ковид19 пандемијата не бара ни одговорност, ни оставки од МВР Оливер Спасовски, ниту од министерот за здравство Филипче.

Дури ни кога се организира погреб на Ковид-позитивен коалиционен партнер на Заев, со 300 присутни и со полициска придружба.

 

Но, ситуацијата не е под контрола. Народот е загрижен, здравствениот систем може да колабира. Затоа веќе не е време за хипокризија, време е за оставки! – истакнува Милошоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.