Европската унија има голем интерес околу случајот со Давидовиќ – Дака, бидејќи се работи за еден експонент на руска надворешна политика, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Меѓународната заедница се обратила до Николоски да ги достави документите што ги поседува.

Се заинтересираа и меѓународни новинари, се заинтересираа и релевантни политичари и институции, така што Зоран Заев нема така лесно да се извлече од целата оваа ситуација. Затоа што се отвора и уште еден сомнеж за конфликт на интереси. Јавноста треба да знае за да помине еден детален урбанистички план прво треба истиот да го одобри Министерството за транспорт и врски. Тоа е одобрено за само 7 дена. Само обичен документ да извадите ви требаат месец дена. Во овој случај, за инвестиција од 200 милиони евра министерството дава дозвола за само 7 дена, изјави Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.