Во акцијата на Владата за промоција на вакцинацијата се вклучил и Ранко Бубамара, сопственик на Радио Бубамара и организатор на познатата манифестација „Златна Бубамара на популарноста“. Иако со години нема карти за обичните граѓани за оваа престижна манифестација, Ранко Бубамара и премиерот Заев ги повикаа граѓаните да се вакцинираат за да гледаат „Златна Бубамара“ во живо, наместо на телевизија.

Ранко Бубамара потсетува дека пандемското издание на „Златна Бубамара“ минатата година се одржа без публика и додава дека вакцините влеваат надеж дека повторно ќе ги полниме салите. За моментите на среќа, #ВакцинирајСе!

Козјзнае, обидете се, можеби со вакцина полесно ќе се стигнува до карта за „Бубамара“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.