Молк од власта откако Красимир Каракачанов најави дека во Скопје доставил Анекс од 12 точки кои Македонија ќе мора да го прифати ако сака да добие датум за почеток на преговорите.
Бугарија веќе подолго време најавува ваков Анекс и тоа го испорача. Досега се знаеше за три точки од Анексот, а тоа е Македонија да се откаже од своето малицинство во Бугарија, да се употребува целото име „Република Македонија“ и да докаже дека нема територијални претензии кон Бугарија.
Но, кои се останатите девет точки и што содржат.
Со оглед на тоа што Заев, Османи и Пендаровски го кријат Анексот логично е дека тој не е поволен за Македонија и сега се бара начин како тој да се продаде во јавноста.
Пендаровски пред неколку недели изјави дека не гледа потреба за Анекс на Договорот со Бугарија, додека пак Заев убедуваше дека нема да има никаков Анекс.
Еднинствени кои тврдеа дека Анекс има беа ВМРО-ДПМНЕ, но од медиумската машинерија на власта беа обвинети за ширење на лажни вести.
Но, ако власта крие, сопругот на поранешната министерка Рената Дескоска веќе обелодени дека Анекс има и побара тој да биде јавно објавен.
Според Тони Дескоски, Анексот ќе биде именуван како „Протокол“ и ќе биде изгласан во Собранието.
Во целата ситуација со Бугарија, јасно е дека вицепремиерот Никола Димитров е тргнат настрана откако токму Каракачанов го нарече „поопасен и од корона“.
Само еден ден откако Димитров побара спорот со Бугарија да „одмори“ до изборите кај источниот сосед, Заеви и Османи го праќаат Владо Бучковски во Софија.
Како што стојат работите во моментов, Македонија ќе доживее уште еден дипломатски пораз и понижување во кој „морковот“ ќе биде само почеток на преговорите со ЕУ кои ништо не значат и Бугарија во секој момент ќе може да постави нова блокада и да ја крене рачната.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.