Носителот на листата во ИЕ 4 Зоран Заев и портпаролот на неговата партија Костадин Костадинов, кандидат за пратеник од редовите на СДСМ во Струмица, денеска во посета на родниот град и Ново Село.

За активностите информира Костадинов.

 

После ладна лимонада во познатиот струмички Бисер, на овие струмички горештини, со претседателот Заев прошетавме по струмичкото Корзо. Разговаравме со дуќанџиите, со луѓето на тезгите. Нашата држава се развива од секој аспект. Ги зголемивме платите, со тоа и пензиите. Даваме шанса на младите да отпочнат свој бизнис преку мерките за развој на младинското претприемништво.

Денеска со претседателот Зоран Заев го посетивме Ново Село, бевме на пазарот, разговаравме со граѓаните, за мерките кои ги имплементираме за подобрување на условите за живот. Поголема минимална плата до 20.000 ден. Просечната плата ќе биде 34.000 ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.