Јавно објавувам дека ќе го почитувам полицискиот час доколку биде воведен за овој викенд, исто како што беше почитуван на 24 и 25 мај во Чаир, Скопје Север, Сарај. Токму поради еднаквиот и неселективен пристап во донесувањето на одлуките во Р. Македонија. Чисто од правен аспект… како граѓанин, а и како адвокат кој се спротивставува на селективната примена на одлуките во оваа криза предизвикана од Ковид-19 – напиша адвокатот Виктор Цветковски по најавата за карантински викенд за време на православниот празник Духови.

Тој е само еден од низата граѓани кои не се согласуваат со одлуката за спречување на православните христијани да испочитуваат уште еден црковен празник, наспроти одлуката на Владата за Рамазан Бајрам да дозволи молитва во џамиите.

Владата на Зоран Заев, сехга предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски најавува продолжен карантински викенд во општините каде е зголемен бројот на заболени од корона вирус. Комисијата за заразни болести на чело со Караџовски на денешниот состанок донесе предлог да биде воведен полициски час во Скопје, Штип, Куманово со Липково и Тетово од утре во 21 часот до понеделник наутро во 05 часот. Во останатите градови се предлага полицискиот час да биде од 16 часот до 5 часот наутро, секој ден.

Предлогот на Комисијата ќе биде доставен до Владата и Кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување. Се очекува вечерва Владата да ја соопшти одлуката.

Од друга страна пак СДСМ и Зоран Заев не се откажуваат од идејата за избори на 5 јули. Иако половина партија е во карантин, потпретседателот Мухамед Зекири е заболен,како и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е на пратеничката листа за втората изборна едница, техничкиот премиер, министри, заменик министри, директори се во карантин, тие сметаат дека е време за избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.