Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и поранешниот премиер на Косово Рамуш Харадинај се блиски соработници, имаат договор за контрола на работата во Македонија, но и за создавање на црни фондови кои треба да послужат за плаќање на политичарите. Oваа вест денеска осамна на насловсната страница на српскиот весник „Блиц“.

Според весникот, апсењето на Морина го отвори прашањето за врските помеѓу Скопје и Приштина.
Повикувајќи се на дипломатски извори, „Блиц“ наведува дека Заев и Харадинај досега не остварувале средби само во улога на премиери, туку и поединечни состаноци на кои присуствувале и нивните браќа Вице Заев и Даут Харадинај.

Додека Харадинај бил премиер, договорено е создавање на црни фондови кои ќе служат за плаќање на политичари од Брисел, но и од Грција, за на секој можен начин да се ублажи стопирањето на патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Тоа е значајно и за Албанците кои држат дел од власта во Скопје, кажува изворот на „Блиц“.
Како што наведува весникот, во еден момент македонските власти добиле на подарок два милиони евра наменети за грчки политичари, а чија цел е низ ЕУ да зборуваат дека немаат ништо против Македонија во ЕУ.
Диловите кои ги направија Харадинај и Заев не се поврзани само за бизнис, туку и за војската во Македонија и на Косово. Договорено е финансирање на македонски старешини од албанска националност да одат на Косово, а од другата страна да школуваат офицери на војската на Косово на акедмијата во Скопје. Дел од парите се префрлени преку поединечни фирми, пишува „Блиц“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.