Лидерите на СДСМ Зоран Заев и на Алтернатива Африм Гаши попладнево одржуваат средба во хотелот Белви на излезот од Скопје, објавува „Слободен печат“.

Средбата за која нема формална најава од двете партии се одржува ден пред најавеното предавање на мандатот за составување нова влада од претседателот Стево Пендаровски на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Средбата е и во пресрет на утрешниот заедничкиот состанок на лидерите на партиите од албанскиот политички блок што го иницира претседателот на ДУИ Али Ахмети, а на кој Гаши и неговиот коалициски партнер и лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села кажаа дека нема да одат, барајќи негово одложување за наредната недела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.