Откако ги намали за повеќе од половина капиталните инвестиции во здравството, СДСМ глуми загриженост и посветеност. Очигледно јавното обраќање на директорот на струмичката болница им дојде кога најмалку се надеваа дека некој ќе им го разниша мирот и ќе ги сврти очите од личните на јавните проблеми.

По јавното изнесување на состојбата во здравствениот дом во Струмица, се растрчаа струмичките властодршци па се расфрлаат со санитарни возила.

Пратеникот Коста Костадинов прво најави дека со поветеност и сочувство со струмичани тој, Заев и Филипче обезбедиле амбулантно возило итно да пристигне во декември, па откако јавноста го осуди несериозното и арогантно однесување на СДСМ, Костадинов ја обвини оопозицијата.

Разочаран од опозицијата Костадинов најави санитарно возило кое ќе пристигне во струмичката болница уште денес. И плус тоа во декември.

Со силна посветеност, со многу разговори, разбирање за состојбата во која се наоѓаме и интензивната борба со коронавирусот, заедно со директорот на болницата во Струмица, Наке Гогов, со Дирекцијата за управување со кризи, утре обезбедуваме санитетско комбе за струмичката болница.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.