Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче преку набавката на кинески вакцини сакале граѓаните да ги ограбат за 6 до 8 милиони евра рече вечерва претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, кој гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на „Алфа“.
Кина е и повеќе од озбилна држава. И кај Кина и кај Русија државните лаборатории, државните институции ги измислиле вакцините. Од тука самата држава полага сметка. Секаде преку кинеските амбасади се стапува во контакт со министерство за надворешни работи на Кина и тоа е легален пат. И тоа сигурно и нашата власт го знаела, не може Венко да не знаел. Притоа да напоменеме дека Османи како министер за надворешни работи вчера или завчера се огради, и Артан Груби како вицепремиер се оградија дека тие појма немале што прават Заев и Филипче, истакна Пандов.
Пандов додаде дека самата власт односно самите Заев, Филипче па дури и Шекеринска обелоденија дека авансот од Кина им е вратен за вакцините.
Официјална цена на една кинеска вакцина е од 20-30 долари, притоа ако се вратени 12 милиони, а само 200.000 дози ние очекувавме, тоа значи дека според Филипче и Заев една кинеска вакцина е над 60 долари, појасни Пандов.
Пандов посочи дека ден-два по враќањето на авансот за вакцини, Заев почна да најавува дека биле опоменати дека не може да се оди преку нив и ќе започнале преговори преку по официјален пат и ќе се набават 400.000 вакцини.
Зошто? За тоа што ако купуваш по легален пат тогаш не може да плаќаш вакцина 50 долари, а реално чини само 30 долари. Сега кога се открија матните зделки на Заев и Филипче одеднаш Македонија не чека 200.000 кинески вакцини туку сега чека 400.000 вакцини, нагласи Пандов.
Пандов рече дека Заев и Филипче преку набавка на вакцини планирани да ги ограбат граѓаните за околу 6 до 8 милиони евра.
Нејасно е зошто Љупчо Николовски како човек за висока корупција не реагира, туку путер извади дека запленил околу 30 килограми само. Зошто и обвинителството не реагираше, запраша Пандов.
Пандов додаде дека за ваква неодговорност која чини човечки животи треба под итно власта да си одговара.
Заев и Филипче за ова дебело ќе одговараат. Бројките за починати граѓаните се официјални, ова не се измислици на ВМРО-ДПМНЕ како тие што тврдат, рече Пандов.
Пандов посочи дека Пендаровски го демантираше Филипче во една дебатна емисија дека нема се уште порачано вакцини од „Фајзер“.
А власта како што планира со по 2.000 да вакцинираат, тогаш три години ќе ни требаат за да се постигне бројката милион и двесте илјади, колку што треба за да имаме 60-70% вакцинирани граѓани Ова е страшно, нагласи Пандов.
Пандов рече дека додека Македонија има по илјада заразени на ден и по дваесетина починати, не треба да се помисли на попис.
Дури и докторите, здравствените работници апелираат попис да не се одржува бидејќи сите најавуваат дека пандемијата ќе земе многу поголем замав токму во април. Бројките се очекуваат во април да бидат се поголеми, и како во таква ситуација попис да се одвива, тоа нема логика, укажа Пандов.
Пандов додаде ако власта го спроведе политичкиот попис тогаш ќе имаме огромен кластер попис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.