Здравјето на граѓаните е ставено во втор план. Додека Македонија секојдневно руши рекорди по број на новозаразени и починати од коронавирус, владејачката СДСМ не се откажува од одржување на предвремени локални избори во општина Штип и Пласница.

Вчера беше последниот рок за поднесување на кандидатури а изборите ќе се одржат на 13 декември, според официјалните информации за градоначалничката фотелја ќе се борат Сашко Николов од СДСМ, Лазар Наумов од ТМРО и Трајче Митов како независен, додека пак во општина Пласница има еден кандидат од ДУИ Алија Јахоски, брат на досегашниот градоначалник, а сегашен пратеник Исмаил Јахоски.

Во изминатото деноноќие беа регистрирани 978 новозаболени и дури 26 починати. Статистиката покажува дека од почетокот на месецот само во општина Штип, каде што треба да се одржат локалните избори, се регистрирани дури 250 новозаболени и 6 починати граѓани од коронавирус.

Штипјани се загрижени и револтирани бидејќи како што велат додека ситуацијата е алармантна, владата на СДСМ и премиерот Зоран Заев не се откажуваат од предвремените локални избори, што според нив може да дојде до драстично зголемување на бројките на новозаразени и починати.

За тоа дека премиерот Заев не води грижа за здравјето на граѓаните го потврдува и фактот дека додека се спремаат за влегување во изборна трка во Штип и Пласница апелираат до граѓаните да не се собираат по домовите, а празниците да си ги честитат преку телефон, со порака или со видеоповик.

Со приближувањето на зимските празници, апелирам да нема собирања по домовите. Да останеме скромни, воздржани и одговорни за време на славите и имендените оваа година. Тие ќе бидат тука и идната година, и тогаш, здрави и живи, ќе си честитаме и ќе прославиме согласно традицијата. Оваа година да си посакаме здравје и живот, и „за многу години славата и вечно име“ преку телефон, со порака, со видеоповик. Ништо нема да ја намали искрената желба што на тој начин ќе им ја упатиме на славениците и на домаќините за нивните домашни слави, напиша Заев на својот официјален фејбук-профил.

Од друга страна, пак, министерот за здравство Венко Филипче вели дека состојбата со ковид-19 е критична а болниците веќе ги полнат сите капацитети, па од тука логично е да се постави прашањето зошто владејачката СДСМ забрзано турка организирање на предвремени локални избори кога ситуацијата со корона-пандемијата од ден на ден се повеќе се влошува.

Штипјани сметаат дека една од причините за излегување на предвремени локални избори во време на пандемија е поради стравот дека може да се потврдат сомнежите и сознанијата дека претходниот градоначалник и актуелен министер за транспорт и врски Благој Бочварски делел тендери на своите семејни фирми.

Ставот пак на опозицијата е дека ситуацијата со пандемијата е девастирачка и алармантна и дека втурнувањето во опасност и загрозување на животите на граѓаните не е политика која што ВМРО-ДПМНЕ ја подржува.

Имајќи ја во предвид оваа апокалиптична состојба со КОВИД-19 пандемијата, сето она што го гледаме е наше секојдневие, секојдневно броиме десетици луѓе кои го губат својот живот, броиме илјадници наши сограѓани кои на дневна основа се заразуваат, за нас претставува вистинска лудост оваа егзибиција на Зоран Заев и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ да ја легитимира, напротив треба да ја осудиме, затоа што свесното втурнување на човечките живот во една апокалиптична ситуација, потенцираше Мицкоски во гостување во дневникот на ТВ Алфа.

На ист став се и другите опозициски политичките партии како од македонскиот блок, така и политичките партии од албанскиот опозициски блок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.