Претседателот на Владата, Зоран Заев на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе отпатува за Истанбул, каде што вечерва ќе има работна вечера со претседателот Ердоган, соопштија од Владата.
Се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството, како и за други теми од заеднички интерес.
Премиерот Заев на работната вечера со претседателот Ердоган ќе биде придружуван од министерот за здравство Венко Филипче, стои во соопштението.
Тие попладнево слетаа во Република Турција, на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче беа пречекани од заменик-гувернерот на Истанбул Зекерија Гунеј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.