Премиерот Зоран Заев замина по состанокот на Кризниот штаб во Тетово, но не даде изјава за случувањата, односно за бројот на жртви во пожарот во Ковид центарот, ниту пак причината за неговото настанување.

Заев на поминување рече дека не сака да шпекулира, а официјалните информации ќе остави да ги соопштат надлежните институции.

Не се огласи ниту министерот за здравство, Венко Филипче. И тој нем пред медиумите. Двајцата избегаа од камерите, додека јавноста чекаше официјална изјава.

Вечерва изгореа живи луѓе во ковид болницата во Тетово. Огнот во модуларната болница однесе многу животи, како од ковид пациентите, така и од медицинскиот персонал. Филипче не излезе јавно да прозбори за жртвите. Преку социјалните мрежи посочи дека офоцијално има десет ќртви со можност таа бројка да биде поголема. Но медиумите излегуваат со далеку повисоки бројки. Објавени се видеа на кои се слушаат лелеци и пискотници на луѓе кои горат во модуларната болница. Се гледа видео со тела покриени со чаршави. Но вечерва јавноста ќе остане без официјална изјава.

Филипче и Заев и должат изјава на јавноста. Тоа е она што треба да го сторат. Но мора и да понесат одговорност за она што вечерва се случи. Јавноста е гневна, се бараат оставки, се бара одговорност, се бара објаснување.

Аналитичарот Ивор Мицковски е еден од многутемина кој бараат обраќање од двајцата одговорни.

Реакција за „бегањето“ на Заев и Филипче имаше и Богдан Илиевски.

Заев и екипата кои беа најавувани дека „еве одма пристигаат во Тетово“ по завршувањето на состанокот на кризниот штаб соопштија дека нема да даваат изјави. Цела држава е пред телевизор, убиена од тага за трагедијата во која луѓе кои се бореле за здив врзани за кревет починале во пожар, а гавазиве дојдоа, прошетаа пред камери и соопштија дека… нема да кажат ништо – коемтира Богдан Илиевски или познат како Бетмен Велит.

Но наместо изјави има само парадирање. Битно се пофали цел државен врв дека се упатил кон Тетово. Фотографии имаат. Другото е небитно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.