Поминаа два месеца откако владата донесе одлука за враќање на хронично болните да се вратат на своите работни места и покрај тоа што бројот на ново заболени и починати во Македонија секојдневно енормно се зголемува.
Откако претходно владата одлучи истите да седат дома, на 14 септември ја укина одлуката и донесе нова одлука за нивно враќање на своите работни места и покрај тоа што хронично болните неколку пати апелираа до власта дека нивната здравствена состојба и така веќе е влошена и сериозна.
Дека власта нема слух за хронично болните покажува и најновата одлука за прогласување на 30 дневна кризна состојба на територија на целата држава, со која нема никаква промена во однос на мерките за хронично болните граѓани.
Хронично болните стравуваат за сопственото здравје, но и за здравјето на своите најблиски, посочувајќи дека тие веќе се болни, а корона вирусот може дополнително да им ја влоши здравствената состојба.
Премиерот Заев министерот Венко Филипче изјавува дека потребно е прогласување на кризна состојба бидејќи се влегува во еден критичен период, но зошто и понатаму властите немаат слух за хронично болните лица кои се на најголем удар на КОВИД 19, се уште не е јасно.
Имено, ниту петицијата од страна на хронично болните кои побараа преиспитување на одлука и побара владата да покаже разбирање за нивната здравствена состојба не беше доволно.
Загрижен сум не само за своето здравје, туку и за моето семејство. Мене здравствената состојба ми е и така веќе влошена, ова само уште толку може да предизвика дополнително влошување. Не можам да разберам како премиерот и министерот Филипче излегуваат на прес конференции и изјавуваат дека состојбата е критична а носат одлука за ние да одиме на работа. Зголемените бројки покажуваат дека ниту една мерка на власта не вродила резултат, како и дека истите немаат ефект, вели еден граѓанин.
Опозициска ВМРО-ДПМНЕ неколку пати алармираше за ослободување на хронично болните граѓани, како и Алијансата на пациетски организации која бара ослободување од секакви службени обврски во услови на кризна состојба за КОВИД 19 пандемијата, но власта продолжува со својот игнорантски однос.
Воедно бараме, итно да се донесе Одлука за ослободување од училишни, студии и работни обрски се до завршување на кризната состојба од пандемијата COVID19 за хронично болните. Доколку сте во можност ве покануваме на краток ZOOM состанок, во текот на наредната недела за да ги разгледаме заеднички нашите барања.
Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од ковид, апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката Комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања. Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест. Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност, потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
Само заеднички со мегусебно разбирање но и со почитување на потребата секој здравствен проблем да добие адекватна медицинска грижа, како и да ги заштитиме хронично болните од можни инфекции со Корона вирус, да создадеме предуслови да имаме здрава нација, која секако ќе ни треба по зaвршувањето на оваа светска здравстена криза со COVID-19. Да потсетиме дека ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ не е ниту „БИЗНИС“ ниту пак „ПОЛИТИКА“!, пишува претседателката на Алијанса на пациентски организаци на Македонија, Биба Додева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.