Доколку Заев и ДУИ решиле дека со евтин крими театар се лаже државата дека се спроведува закон и дека има правна држава, нека го покажат тоа на дело и тука, порача од пред објектите на Матка, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој вели дека чудно е што градоначалникот на Скопје Шилегов вели дека нема ингеренции за рушење на дивоградби, па откако се изградија и настапи фарсата во Мавровка се појави за собирање на политички поени.
Почитувани, заради овие платформи зад мене на Матка се сеќавате, Заев дозволи Антикорупциска да побара Обвинителски предмет од антикорупционерите за градоначалникот на Сарај. Градоначалникот потоа јавно проговори за барањата на Заев од него да влијае во судството, па Обвинителство потоа ја одби кривичната пријава од антикорупционерите. Крими театар, ама платформите се уште стојат!, изјави Стоилковски.
Оттука и прашањето, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, дали Заев стои зад оставањето на раат и на овие дивоградби, или сеќавањата на градоначалникот нема да го спречат Заев, ниту пак Ахмети, да ги пушти багерите и на Матка?
Почитувани, Доколку СДСМ и ДУИ решиле да се справуваат со дивоградбите на своја рака со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивоизградените објекти-платформи во езерото. Велам на своја рака затоа што ниту ги имаат превземено ингеренциите од локалната самоуправа на пример во Чаир за Мавровка, ниту пак за таму имаат елаборат за рушење, потенцира Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.