Пред една година 610.000 граѓани гласаа „ЗА“ нашите најголеми стратешки цели: членството во НАТО и ЕУ, напиша премиерот Зоран Заев на „Твитер“ по повод една година од референдумот со прашање: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.
Тоа беше силна порака од граѓаните, како што е денес пораката дека над 80% се за евро-атлантска интеграција. Донесовме храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат, пишува Заев.
Пред една година 610.000 граѓани гласаа „ЗА“ нашите најголеми стратешки цели: членството во НАТО и ЕУ.
Тоа беше силна порака од граѓаните, како што е денес пораката дека над 80% се за евро-атлантска интеграција. Донесовме храбри одлуки чии благодети граѓаните веќе ги чувствуваат pic.twitter.com/xmTsHqOZNv
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) September 30, 2019
На 30 септември 2018 година беше забележана најслабата излезност во историјата на Македонија. Од регистрирани 1.806.336 гласачи, на референдумот својот глас го дадоа 36,91%.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.