Премиерот Зоран Заев денеска ќе присуствува на пуштање на нова спортска сала во склоп на ООУ „Александар Здравковски“ во Јегуновце.
Како што информираат од Владината прес-служба, на отворањето на спортската сала, покрај Заев, ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Мила Царовска и градоначалникот на Општина Јегуновце, Дарко Блажески.
Тоа што не се наведува во информацијата е дали на сите присутни во делегацијата предводена од Заев и Царовска, која вообичаено не е мала, но и на тие од локалната самоуправа, ќе им биде побарано да покажат сертификати за вакцинираност и истите детално ќе им бидат прегледани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.