Поради пожарот во тетовскиот Ковид центар формиран е кризен штаб предводен од премиерот Зоран Заев, во кој се и Артан Груби, Љупчо Николовски, Венко Филипче, Оливер Спасовски, Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Теута Арифи.

Во секој момент се очекува да бидат соопштени детали за пожарот каде, како што е и официјално потврдено, има жртви.

Пожарот избувна околу 21 часот. Интервенирале преку 30 пожарникари со седум возила по што е целосно изгаснат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.