Премиерот Зоран Заев очекува дека на почетокот или во првото тримесечје од следната година ќе започне реализацијата на автопатското решение кон Косово.

За првата делница од два километри е завршен тендерот, победи „Гранит“. Втората делница е во фаза на завршување на експропријацијата, треба да решиме со Генераштабот на Армијата за поранешниот полигон кој се наоѓа на таа делница. Во мометот се решаваат и оние 600 метри меѓуграничен премин, односно како да бидат покриени од ИПА компонентата, информираше денеска Заев на заедничката прес-конференција со косовскиот колега Aвдулах Хоти, кој е во официјална посета на земјава.

Ако сите овие работи завршат до крајот на годината, тој смета дека за две ипол години може да биде готов автопатот, иако според проективните документации на Европската банка предвидено е градежните активности да траат три до четири години.

Покрај ова автопатско решение, во фокусот на првата заедничка седница меѓу Македонија и Косово која се очекува да се одржи наскоро, ќе биде и потпишувањето на договор меѓу двете држави за интерконекторот со природен гас, како и реализацијата на „One stop shop”

Дадени се насоки за изработка на проектна документација и потпишување на договор меѓу двете држави за интерконекторот со природен гас кој треба да ги Скопје и Приштина. Втората работа на која ќе се посветиме е „One stop shop” меѓу нашата држава и Косово и третата работа е завршување на проектната документација за поврзување на Тетово- Призрен, рече Заев.

Најави дека може да се разработат и планови за развој на туризмот на Попова Шапка како заедничка понуда на двете држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.