Премиерот Зоран Заев, на прес-конференција на којашто информира дека Владата ги усвоила предложените мерки од Комисијата за заразни болести, изјави дека новогодишната ноќ ќе ја прослави во својот дом, заедно со неговото поблиско семејство.

Лично јас ќе бидам во мојот дом, заедно со сопругата и со двете деца. На седницата на Влада исто укажавме на сите институции и функционери, каде што сум надреден како претседател на извршната власт, директна препорака, да бидеме пример за почитувањето на мерките, како најодговорни, затоа што само така ќе очекуваме нашиот народ да ги следи позитивните примери – изјави Заев.

Заев појасни дека тоа не значи оти граѓаните не треба да заминат од домот и да одат во село, ако некој има куќа, да замине во Берово, Маврово, на Шапка, во Охрид, во Дојран, во Преспа, или во кое било од туристичките места, меѓутоа, тоа треба да биде во кругот на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.