Караванот на Коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Движење Беса заедно со другите партии одржаа трибина во Тетово. Претседателот на СДСМ Зоран Заев истакна дека за прв пат граѓаните имаат можност да видат предизборна мутиетничка коалиција која заедно се бори за мандат од граѓаните и ќе понуди заедничка битка кон евроинтегративните процеси на Македонија.
-Нема веќе да ви ветуваат членство во НАТО другите партии затоа што тоа е завршена работа. Заедно со концептот за едно општество за сите, заедно успеавме сите граѓани да станеме членка на НАТО, а тоа значи исполнување на една од двете стратешки определби. Сега треба да бидеме заедно како никогаш досега мултиетничка и богата Македонија да ја оставиме на внуци како Европа во мало. Сега треба да грабиме напред и да се европеизираме заедно со концептот едно општество за сите, истакна Зоран Заев.
Тој им порача на политичките противници дека во шеста изборна единица ќе бидат победени сите.
-Ќе ги победиме и ДУИ и Алијанса, двојно повеќе ќе имаме гласови од ВМРО ДПМНЕ затоа што им е преку глава на луѓето од квази патриотизам и нациионализам. Во недостиг на економска понуда, понуда за иднината, ДУИ се враќа кон национализмот и ја навредува интелигенцијата на граѓаните. Зарем не знаат дека се прочитани? Па и тие губат од ваквите уценувачки политики. Граѓаните се тие кои кажуваат кој ќе биде пратеник, кој ќе биде министер, а кој премиер. Ние во СДСМ имаме Албанци и пратеници, градоначалници и министри, немаме проблем и за премиер и за претседател, но тоа е одлука која на крајот ја носат нашите граѓани. ДУИ што не ја внесе земјата во НАТО со Груевски, крајно време е по 17 години власт да одат во опозиција, само така ќе се реформираат. Затоа, порача Заев, по 17 години на власт здраво е за државата, здраво е и за ДУИ да прејде во опозиција бидејќи само така ќе се реформира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.