Заев ја злоупотребува постапката со европско знаменце за да го краде народот преку зголемување на цената на бензините, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата обвинуваат дека Заев сака на мала врата да го протурка кризниот данок од 4.13 денари на секој литар гориво преку користење на таканаречената собраниска постапка со европско знаменце, со што се скратува можноста за дебата во собранието.
Заев знае дека во редовна постапка ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да ја блокира оваа штетна политика која годишно ќе значи 54 милиони евра помалку во џебовите на народот и сметките на фирмите. Злоупотребата на европското знаменце ја девалвира и самата постапка и нејзината намена, но и е анти ЕУ чекор. Заев со кризниот данок удира по земјоделците, транспортерите, мелничарите, таксистите, Заев удира по народот. Повикуваме на разум и Заев да го повлече законот за воведување на кризниот данок. Исто така напоменуваме дека било кој штетен закон ќе биде ревидиран по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Македонија за сите луѓе, се наведува во соопштението на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.