Заев го штитеше Мијалков додека му беше потребен за проблеми во ВМРО, тој му беше бизнис и политички партнер. Четири години СДСМ не го спомнуваше Мијалков во соопштение, затоа што беше дел од коалицијата Зоран – Вице – Сашо, вели ВМРО-ДПМНЕ во сооптение до јавноста.
На сите нивоа на СДСМ Заев издал наредба да не се спомнува името на Мијалков, а тој добиваше максимална логистика од власта. Заев беше во коалиција со Мијалков до вчера. Заев е во коалиција и со целата криминална болумента од регионот и светот. Заев 4 години издавал пасоши на светски криминалци, нарко босови и терористи. Заев систематски ја уривал државата и нејзиниот кредибилитет во очите на нашите партнери. Заради Заев македонскиот пасош бил употребуван во криминални цели и тероризам. Заев е закана за светската безбедност. И Заев ќе одговара. Штетите кои ги предизвика му се познати, и знае дека за истите нема да може да избега од одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.