Има многу нелогичнопсти и недоследности во изјавите на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, откако во јавноста излегоа „аудио бомбите“ за случајот рекет, вели во интервју за Прес24, адвокатката Сузана Јошевска Атанасовска. Таа нема никаква дилема дека кој и да било друг вака заплеткан во случајот, како што е Јанева, досега ќе бил во притвор и затоа според нејзе малку чудно е однесувањето на обвинителството.

-Не е јасно и многу е чудно однесувањето на обвинителството ако се земе во предвид дека оттаму имаме потврда дека и тие слушнале разговор со „јавен обвинител“ пуштен на интерфон. За секое друго лице, да не беше од големина и профил како конкретно посоченото, досега ќе беше во притвор, тоа гарантирам од претходни искуства и постапки. Навистина со нетрпение чекам образложение за однесувањето на обвинителството што дури не го одзеде ниту пасошот на Јанева после што сите си отидоа на одмор и допуштија како јавност да бидеме „бомбардирани“ со снимки кои оставаат горчлив вкус на селективност и политиканство во правосудството, вели Јошевска во интервјуто.

-Проблемот со нејзините изјави е што имаат недоследности и нелогичности. Никој досега во СЈО не може да ја поткрепи нејзината верзија за тоа со која цел биле контактите со „посредникот“ и со „лицето О.К“ како ги нарекува, а особено не обвинителката која го работела предметот и која почна да дава изјави кои сериозно можат да и наштетат на Катица Јанева. Доколку играш опасна игра на некакво спогодување каде нешто треба да се даде, како на пример пари во Буџетот и сведочење против други големи играчи, а за возврат да се избегне затвор, треба да си паметен, остроумен, да се обезбедиш од манипулации и игри. Таа самата призна дека не успеала, наводно била изманипулирана и според тоа, најмалку треба да понесе професионална одговороност која може да биде и кривична. Јас уште не можам да верувам на шпекулациите дека била „мозокот на операцијата“, дека земала „дел од колачот“ и слично, но можно е да грешам, вели Сузана Јошевска Атанасовска во интервјуто за Прес24.

Таа смета дека тоа што снимките се објавени, нема да и наштети на доказната постапка, но сепак тоа што обвинителствот досега не ги собра исказите од сите вклучени, може да им обезбеди предост на овие лице, кои сега знаат што и како има во доказните материјали.

Верува дека и покрај се Кредибилитетот на СЈО може да се поврати единствено преку работата, но се сомнева дали тоа ќе му биде дозволено, со оглед на новиот концепт на законот.

-Заев во овој дел направи брза одлука за „контрола на штетата“ предизвикана од сознанијата за вмешаноста на Катица Јанева во случајот Рекет, па низ вода го пушти цело СЈО како концепт, вели Јошевска.

На прашањето Може ли после се да се зборува за некаков кредибилитет на СЈО, и покрај обидите на дел од обвинителите во тоа тело да се дистанцираат од овој случај? таа вели:

Јас ја застапувам тезата дека СЈО не е Катица Јанева иако може да се тврди дека формално-правно, токму тоа е, бидјеќи сите останати обвинители се нејзини заменици. Но исто така, Катица Јанева не е самостојно заслужна за безброј саати макотрпна работа на чесни луѓе кои до вчера ги нарекуваше тим, кои беа помогнати од уште толку чесни истражители, стручни соработници и техничка служба. Сите тие заедно вложија многу труд во работата на СЈО. Кредибилитетот на СЈО може да се поврати единствено преку работата, но дали тоа ќе му биде дозволено, со оглед на новиот концепт на законот, се сомневам. Заев во овој дел направи брза одлука за „контрола на штетата“ предизвикана од сознанијата за вмешаноста на Катица Јанева во случајот Рекет, па низ вода го пушти цело СЈО како концепт.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.