Премиерот Зоран Заев го прифати барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот на почетокот на септември. Двајцата лидери се сложија дека здравјето на граѓаните во овој момент е најважно.

Тие што немаат државјанство нема да гласаат, нагласија лидерите.

 

„Ако има такви податоци, автоматски ќе бидат избришани. Тоа што јас го знам, го имаме изводот на државјанин. Ако било кој што нема државјанство се попише, тоа се брише“, рече Заев.

Заев и Мицкоски се договорија апликацијата за самопопишување да биде активна до 30-ти септември, до завршување на пописот со физичко присуство.

Претседателите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев и Христијан Мицкоски ја завршија денешната средба. Договорено е одложување на пописот за септември и локалните избори.

Како што изјави Мицкоски по средбата пописот би се одржал од 5 до 30 септември, а дотогаш ќе биде отворена апликацијата за самопопишување, додека локалните избори би се одложиле за втората половина на октомври.

Заев истакна дека со ова се отвора можност за дијаспората да може да се попише до 30 септември и упати со сите членови во дијаспората да ја искористат оваа прилика.

-Упатувам порака до граѓаните дома, ова е важна статистичка операција. Сега ја имаме и најголемата опозициска партија овде. Верума со тоа ќе се согласат и албанските опозициски партии, испраќам порака до Левица, до сите граѓани да се попишат, рече Заев.

Дијаспората почна да се попишува и ред е да де верификуваат досегашните податоци и даваме континуитет до 30 септември, рече Заев и додаде дека физичкото попишување е поризично и затоа дале простор за помасовна имунизација на населението па физичко попишување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.