Заев го претвори пописот во маркетинг алатка на ДУИ. Смртноста во Македонија од Корона епидемијата е меѓу највисоките во светот, а во услови без имунизација, заради реализација на политички договор за опстанок на режимот се турка неразумен попис! Режимот наместо да се грижи за граѓаните, наместо да се грижи за здравствениот бенефит на луѓето, трча по провизии и по политички маркетинг наместо по вакцини. Гајле му е на режимот што во опасност од пренесување на вирусот ќе доведе најмалку 50.000 домаќинства, изјави денеска во Коментар на денот, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тој посочи дека граѓаните реално стравуваат од вирусот, затоа што режимот не обезбеди имунизација на населението. Граѓаните оправдано стравуваат од ваква неразумна операција среде пандемија. Стојаноски вели дека режимот не може да обезбеди ниту доволен број на попишувачи од своите партиски штабови и дека дури и меѓу нив владее страв од можна зараза.

Внимавајте, 5.500 попишувачи ќе одат од дом во дом, при услови кога нема имунизација. Протоколите со кои што се фалат, до сега резултираат со речиси најголема ковид-поврзана смртност во светот. Зоран Заев додека лаже за вакцини турка политичка, а не статистичка операција, претворајќи го пописот во маркетинг – алатка на ДУИ. Заев мора веднаш да го стопира пописот и со тоа, во вакви услови ќе стопира смрт на најмалку 2400 луѓе.
Се’ досега поврзано со пописот покажува дека станува збор за политички зафат, креиран без консензус во политиката и во општеството. Се досега укажува дека не станува збор за статистичка операција. Но и дека при ваков вештачки набој режимот не може да го реализира посакуваното, вели тој.

Одложување на пописот е неминовност во вакви услови, а дури и многу поорганизирани демократски држави тоа го направија. Нема срам, нема политички коалициски договор кој што би имал предимство пред животот на граѓаните. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен и за тоа веќе се информирани и домашната и меѓународната јавност. Остануваме на барањето веднаш да се стопира пописот со што ќе се застане на патот на можно пренесување на вирусот до најмалку 50.000 домаќинства. Бараме одложување на пописот за втора половина на септември, имунизација на население, задолжителна имунизација на попишувачи, а дури потоа вистинска статистичка операција, додава Стојаноски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.