Премиерот Зоран Заев беше домаќин на премиерот на Холандија Марк Руте во првата официјална посета на Македонија, соопштија од Владата.
На средбата премиерот Заев го изразил своето и задоволството на Владата од интензивираниот политички дијалог на високо ниво во последните неколку години.
-Холандија е важен партнер на Македонија во НАТО. Постигнавме силни билатерални врски и развивме соработка во последните 28 години. Дополнително, Холандија стана наш најпосветен поддржувач на нашите напори за интеграција во ЕУ, исто така, се вели во соопштението.
Премиерот Заев нагласил дека Владата на Македонија силно ги цени охрабрувачките пораки на холандската поддршка за процесот на интеграција во ЕУ. Биле поздравени и постигнувањата во областа на зајакнувањето на демократијата и владеењето на правото со акцент на потребата од континуирано и посветено спроведување на стандардите и реформските цели на ЕУ.
-На средбата претседателот на Владата Заев изрази благодарност за доследната холандска поддршка во градењето на Македонија како европска демократија, слободно општество и слободна пазарна економија, нагласувајќи дека Холандија е најголемиот билатерален донатор, а Македонија е под холандската конституенца во Светска банка. Премиерот Заев го информираше премиерот Руте и за најновата иницијатива „Отворен Балкан“ меѓу Македонија, Албанија и Србија, која има за цел да го демонстрира заедничкиот капацитет на регионот и да донесе конкретни придобивки за нашите граѓани и бизниси што е комплементарно со пристапниот процес преку кој ќе овозможи подобро да се подготвиме за целосна интеграција во политиките на ЕУ, се додава во соопштението.
Премиерот Руте од своја страна ја изразил поддршката за процесот „Отворен Балкан“ и додаде дека иницијативата треба да остане отворена и за другите држави во регионот.
На средбата било констатирано дека во декември има клучен прозорец во однос на политиката за интеграција на ЕУ кон Западен Балкан и било истакнато дека процесот нема да биде кредибилен доколку не бидат прифатени утврдениот напредок во досието на Македонија и Албанија во октомврискиот извештај на Европската Комисија, заедно со уште еднаш повторената препорака дека двете земји ги исполнуваат условите да ги отпочнат преговорите со ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.