Дијалогот продолжува, на вечерашната средба се разговараше на две теми – претседателските избори и реформските закони. За сите елементи што се важни за фер избори, ние сме фаворити, и нам ни е важно да бидат изборите кристално чисти, изјави премиерот Зоран Заев по неколкучасовната средба со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски којашто се одржа вечерва во Владата.

Според Заев, ако бара опозицијата, ќе бидат обезбедени и дополнителни набљудувачи за претседателските избори во април.

Не сакаме да дадеме ниту еден аргумент за неправилности пред датумот за преговори во јули.Во делот на реформските закони, за законот за разузнавачките служби вклучени се и НАТО експерти и опозицијата е информирана за тоа.Од утре со работни групи ќе разговараме за законот за СЈО. Ние остануваме на ставот дека овој тим треба да остане. Очекувам да се постигнат услови да се донесе законот консензуално.Не треба да робуваме на рокови, но до крајот на март ние мора да ги изгласаме законите”, рече Заев.

Според него, Обвинителството ќе се бори со корупцијата независно што е лимитирана употребата на бомбите.

Има други материјални докази во процесите, тие не можат да испарат. Се што има почеток има и крај и тоа е не е поврзано со одоброволување на опозицијата, рече премиерот и додаде:

Ние имаме различни ставови, опозицијата беше повеќе пати несериозна по некои прашања, а ние ќе направиме се земјата да продолжи во вистинскиот правец. Секој треба да ја носи својата одговорност. Верувам ако нема консензус, да ги решиме со двотретинско мнозинство.

Заев вели дека со Мицкоски воопшто не разговарале за предвремени избори, а власта не го прифаќа барањето на опозицијата јавниот обвинител да се избира по предлог на опозицијата.

Не го прифативме овој оредлог, затоа што ваква опозиција, која не носела ставови свои за својата земја, со ваков однос апсолутно ние не прифаќаме да биде предлагач на јавниот обвинител во Републиак Македонија. За тоа прашање во моментов можеме натаму да дискутираме, да се консултираме, да ги поставиме своите одговорни ставови како политички субјекти за да вградиме алатки и механизми кои дополнително ќе значат квалитет. Ние тоа сме го ветиле како изборно ветување и се неадеваме дека е имаме конструктивна и достоинствена опозиција за да биде овластен предлагач на јавен обвинител. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.